Направете сами: Интересен лустер со коноп и топка за на плажа
Доколку обожавате сами по дома да си правите интересни работи, тогаш овој лустер многу ќе ви се допадне. За да го направите не ви требаат ниту многу пари, ниту многу време.
Работи кои ви се потребни:
- топка за на плажа
- лепило
- коноп
Најпрво лепилото измешајте го со малку вода и потопете го конопот во смесата. Најдобро е да користите ракавици за една употреба за да си ги заштитите рацете. Напумпајте ја добро топката и нацртајте круг околу вентилот.
Почнете да го мотате конопот околу топката до означениот дел, без притоа да се држите до некоја однапред утврдена шема. Треба само да внимавате да оставате и празен простор за светлината да продира низ дупките.
Откако ќе завршите, оставете ја топката на страна неколку часа, за конопот да се исуши. Потоа, издишете ја топката и извадете ја низ празниот простор.
Крајниот резултат е интересен и може одлично да се вклопи во вашиот дом.