Со сексот против мамурлакот

Со сексот против мамурлакот

Сосема е нормално да се чувствувате сексуално возбудени кога ќе се разбудите наутро после бурна ноќ, со многу испиени чаши алкохол. Научниците објаснуваат дека во човековата природа е желбата за акција под чаршавите, после лудата вечер.

(1) so seksot protiv mamurlakot - www.kafepauza.mk

За време не сексот, и кај мажите и кај жените се лачат хормоните ендорфин и окситоцин, кои ги ублажуваат симптомите од мамурлакот, но најмногу ќе помогне доживувањето оргазам, после кој ќе се чувствувате значително подобро.

Што се однесува до самиот сексуален чин за време на мамурлак, имајте на ум дека најверојатно ќе бидете прилично чувствителни. Доколку и двајцата се чувствувате болежливо и изнемоштено водете љубов нежно, бавно и внимателно. Секс-позата „лажица“ е одлична варијанта за ваквата ситуација, во која мажот е легнат паралелно зад жената. Ладен заеднички туш, исто така убаво ќе ве освежи и ќе го измие алкохолот кој излегува низ вашите пори. Доколку чувствувате мачнина, дефинитивно треба да го прескокнете оралниот секс, бидејќи тој би можел само да ја влоши ситуацијата.

Следниот пат кога ќе претерате со алкохол на некоја журка, наредното утро наместо да посегнете по таблетата против болки, препуштете се на мамурна секс-забава со вашиот партнер, која е поинтересна, а и поефикасна. 🙂

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар