Спој на сегашноста и минатото во една фотографија
Унгарскиот уметник и фотограф Керињи Золтан направил извонредна серија споредби на фотографии од сегашноста и минатото, која ја нарекол „Ablak a Múltra“ (Прозорец кон минатото). Тој одбира фотографии од веб-сајтот Fortepan, кој колекционера аматерски фотографии направени во минатиот век и истите умешно ги вметнува во фотографии направени на истите места, но во денешно време.
Црно-белите фотографии ги покажуваат сите сличности и промени кои настанале со тек на времето. На овие фотографии ќе можете да направите споредба на градби, модни трендови, технологија и многу други работи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.