Малдиви – стотици острови отцепени од рајот
Малдивските острови се далеку од градскиот живот, а блиску до природата. Тие се тропски рај, во кој имате чувство како да сонувате убав сон. Малдивите се познати по своите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Освен богатството кое го овозможила природата, на Малдивите има толку луксузни хотели, што ако еднаш ги посетите, нема да сакате никогаш да си заминете оттаму.
Природните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.
Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.
Островите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи. Секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, како и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.
Хотелите нудат разни екскурзии и активности: возење со подморница и со хидроавион, риболов, лов на птиците сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.