Божествен софистициран хотел на прекрасниот остров Санторини
Прекрасниот грчки остров Санторини е магично место, идеално за луксузен одмор. Во малото гратче Оиа, посетителите можат да се сместат во софистицираниот и луксузен хотел „Katikies“.
Доколку сте љубители на светол простор и беспрекорен декор, тогаш дефинитивно ќе се заљубите во овој хотел. Во внатрешноста и надворешноста на хотелот доминира белата боја, што создава перфектен контраст со синото море. Тука ќе се чувствувате како да сте избегале од реалниот свет и како да престојувате во рајот.
Погледот ќе ви го одземе здивот, комфорот е неизбежен, храната е превкусна, а услугата беспрекорна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.