Опра Винфри има на што да биде горда и сосема заслужено е идол на многу жени ширум целиот свет, а исто е почитувана и од многу мажи. Таа е телевизиска водителка со сопствено ТВ шоу, филантроп, актерка, продуцентка, а воедно и една од највлијателните жени во светот. Винфри е првата афро-американска жена која стана милијардер, а со тоа е жив доказ дека со напорна работа можат да се срушат сите бариери кои се поставени од општеството. Ова се 13-те најмоќни цитати на Опра Винфри.rnrn
rnrn rn
„Не се гледам себеси како кутра, отфрлена девојка од гето која успеала. Се гледам како личност која уште од раната возраст била свесна дека е одговорна самата за себе и дека мора да успее.“
rnОпра е родена на 29-ти јануари 1954 во Мисисипи, од страна на самохрана мајка–тинејџерка. Таа е израсната во сиромашен кварт каде живеела со баба си, додека мајка ѝ заминала на север во потрага по работа. Баба ѝ се грижела за неа и на рана возраст ја научила да чита.rnrnНо, нејзиниот живот се менува кога на 6-годишна возраст е пратена да живее со мајка си. На многу млада и ранлива возраст Опра била сексуално злоупотребувана од нејзините машки роднини и други посетители во куќата на мајка ѝ. Останува бремена на 14 години, но нејзиниот син умира уште како новороденче.rnrn
„Претворете ги вашите рани во мудрост.“
rnПо тешкиот и трауматичен период во нејзиниот живот, Опра сфатила дека животот секогаш дава нова шанса и затоа одлучила своите рани да ги претвори во мудрост, со други зборови да ги искористи како животно искуство, а не како нешто што никогаш нема да ѝ дозволи да успее.rnrnПо загубата на својот син, таа заминува да живее кај својот татко во Тенеси. Со помош на дисциплинското воспитување на татко ѝ, Опра се враќа на правиот пат во животот и се покажува како одлична ученичка.rnrn
„Најголемата авантура која може да ви се случи е да го живеете животот од вашите соништа.“
rnЗапочнувајќи да работи во радио уште додека била во средно училиште, и како ко-водителка на локално шоу на 19-годишна возраст, Опра продолжила да се стреми кон остварување на своите соништа основајќи дневно тoк-шоу и своја сопствена продукција. Останатото веќе добро го знаеме. Опра Винфри денес е интернационална ѕвезда, една од највлијателните жени со големо и добродушно срце.rnrn
„Израснав со вербата дека извонредноста е најголема одбрана од расизмот или сексизмот. Токму така оперирам во животот.“
rnВо времето кога Опра ја започнала својата кариера, немало други афро-американски жени со свои сопствени ТВ емисии. Овој цитат потврдува дека личната способност и напорната работа секогаш ќе им ги затворат устите на оние кои мислат дека се подобри само затоа што се припадници на одредена раса или пол.rnrn
rnrn rn
„Има многу работи кои треба да си ги докажам себеси. Една од нив е дека можам да го живеам својот живот без стравови.“
rnОпра знае како да допре до луѓето. Таа креираше едно поинакво шоу каде луѓето се чувствуваат безбедно за да ги кажат своите најголеми стравови, проблеми и предизвици. Без влакна на јазикот, таа слободно може да се вмеша во приватноста на познатите личности кои гостуваат во нејзината емисија за тие сосема да ја соголат својата душа. Често слушајќи најинтимни исповеди од различни личности, Опра одбира да го живее својот живот без стравови.rnrn
„Страста е енергија. Почувствувајте ја моќта која доаѓа од фокусирањето на она што ве возбудува.“
rnВо 1986 Опра била номинирана за Голден Глоуб за најдобра споредна улога во филмот „Бојата на пурпурот“. Таа наоѓа проекти кои ја будат нејзината креативност и ја докажуваат нејзината способност и се насочува кон истите. Баш поради тоа, 20 години подоцна таа го освои Бродвеј со истоимениот мјузикл „Бојата на пурпурот“.rnrn
„Верувам дека секој од нас има лично обележје кое е единствено исто како отпечатокот од прстот. Најдобриот пат кон успехот е да го откриете она што го сакате и да најдете начин да им го понудите на другите во форма на услуга, преку напорна работа и дозволувајќи да ве води енергијата на универзумот.“
rnВо 1998, Опра ја основаше таканаречената Ангелска мрежа, која е хуманитарна организација со цел да ги поттикне луѓето да им помагаат на оние кои се помалку привилегирани во животот. Опра лично ги покрива сите административни трошоци, а откако е формирана, Ангелската мрежа има собрано милионски суми кои одат во добротворни цели.rnrnВо 2002-та, Опра Винфри ја доби наградата за хуманитарност – Bob Hope Humanitarian Award.rnrn
„Освен ако не правите големи дела, не е важно колкава моќ имате.“
rnВинфри е свесна колкаво е нејзиното влијание врз светот и го користи тоа за хуманитарни цели. После ураганот Катрина, во Ангелската мрежа беа собрани 11 милиони од страна на гледачите и поддржувачите на Опра, а таа самата донираше 10 милиони за да се покријат штетите направени од природната катастрофа.rnrn
rnrn rn
„Она што навистина го сакате е да сте опкружени со луѓе кои ги сакате и цените и луѓе кои ве вреднуваат вам. Токму тогаш вие сте вистински богати.“
rnНа нашата самодоверба и благосостојба многу влијаат луѓето со кои сме постојано опкружени. Само тогаш кога оние кои ги сметаме за најблиски веруваат во нас, нè ценат и поттикнуваат за нови остварувања, може да речеме дека сме богати, но не материјално туку духовно, она што впрочем е побитно од сè останато.rnrn
„Колку повеќе го славите својот живот, толку повеќе имате што да прославите.“
rnСекогаш има нешто за кое треба да бидеме благодарни во животот. Самиот факт што сме живи и дишеме е чудо. Колку повеќе сме благодарни и го цениме животот толку повеќе ќе има за што да бидеме благодарни.rnrn
„Не можеме да станеме она што треба да бидеме останувајќи она што сме.“
rnКако би станале подобри личности доколку воопшто не се трудиме да се промениме? Животот значи постојано унапредување, користење на нашите способности и надградување на нашата личност. Во животот треба постојано да еволуираме во подобрата верзија од нас самите и да наоѓаме начини за да го дадеме најдоброто од себе. Опра поставува добар пример со тоа што постојано работи на себе и на подобрување на она што е.rnrn
„Давањето сè од себе во овој момент ве става во подобра положба во наредниот момент.“
rnДајте го најдоброто од вас. Кога работите нешто изработете го до перфекција. Така постојано поставувате добра основа за успех во иднина. Но никогаш не прекинувајте. Секој голем успех треба да ве мотивира да успеете уште повеќе, а не да живете на стара слава.rnrnОпра Винфри е најдобар пример за личност која не престанува да се труди да го даде најдоброто од себе.rnrn
„Размислувајте како кралица. Кралицата не се плаши од неуспех. Секој неуспех е важен чекор на патеката до успехот.“
rnАко се плашите од неуспех тогаш тоа е исто како да се плашите од успех. Да, ќе паднете еднаш, двапати, трипати, и со секој пад вие ќе бидете поблиску до успехот бидејќи ќе знаете на што да внимавате наредниот пат. Најважно е никогаш да не престанете да се трудите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
