Фантастично детско игралиште во Австралија
Во Националната ботаничка градина на Австралија во Камбера, компанијата за урбанистички дизајн „Taylor Cullity Lethlean“ поставила фантастично игралиште за деца. Инспирирани од стоте шуми со садници од најретките и најзагрозените видови дрвја во светот кои ги има во градината, игралиштето е дизајнирано за да можат децата креативно да се поврзат со убавината на дрвјата и со извонредната околина која ги опкружува. Игралиштето е составено од голем број елементи во кои секое дете може да ужива, како калеидоскопи, ветерни ѕвона, музички инструменти кои емитираат дожд, лизгалки, шипки за лизгање, тунели од мрежа, ѕидови за искачување и слично.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.