Младата корејска уметница Sung Yeon Ju е дизајнерот на овие фустани направени од свежи овошја, зеленчуци и други јадења. Креациите се дел од нејзината серија „Wearable Foods“ (Храна што може да се носи), која ја започнала пред две години. Концептот на серијата е креирање слики кои се размена на моменталната и на измислена реалност на повеќе нивоа.rnrnНејзините фотографии се репрезентација на две човекови потреби, потребата за јадење и онаа за облекување, што како производ го дава токму спротивното од она што го наговестува името на серијата – облека која всушност не може да се носи заради нејзината неможност да остане трајна.rnrn











rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
