Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде

Сподели

Визит-карта за восхит! Невозможно е да смислите подобра идеја за промовирање на продавница за сирење од оваа бизнис картичка, која истовремено може да ви послужи и како ренде.rnБлагодетите од овој интелигентен, оригинален и ефективен потег ги ужива бразилската компанија „Bon Vivant“, а заслугите одат на сметка на рекламната агенција JWT. Оттаму велат:rn
rn

„Сакавме да дизајнираме нешто што ќе ја долови страста на сопственикот за производот што го продава. Тогаш ни ‘светна’ идејата – бизнис картичка во облик на ренде. Тоа е картичка што ренда секаков вид сирење, а истовремено е и еден убав подарок.“

Реклама

rnБизнис картичката доаѓа во заштитно пакување, така што нема опасност да го оштети „фенси“ паричникот на купувачот. 😉 Навистина генијална идеја за привлекување муштерии. Се согласувате?rn



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира