Пикникот е едно од најавтентичните искуства кои можат да се доживеат во Париз. Без оглед на тоа дали буџетот ви дозволува да уживате во убавите ресторани во овој град или не, тоа е нешто кое не треба да го прескокнете штом престојувате таму.rnrn
rnrnЈадењето на отворено е пракса која е карактеристична и за парижаните и за туристите. Почнувајќи од прекрасно средените градини, преку парковите, кејот на Сена, мостовите, зеленилото околу Ајфеловата кула или Лувр, градот изобилува со локации каде што можете да седнете и бавно да уживате во храната.rnrn
rnrnКупете тазе багет од пекара, сирење од продавници кои се специјализирани за тоа, малку овошје и зеленчук и шише вино. Само толку е доволно за автентичен француски оброк, кој истовремено нема многу да го испразни вашиот џеб.rnrn

rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
