Верувале или не, поминаа 9 години откако Моника и Чендлер си ги спакуваа куферите и си заминаа од големиот стан на Моника, место во кое се случија најинтересните работи во 10-те сезони од легендарната ТВ серија „Пријатели“.
Бразилската артистка Бруна Салвадор Конфорто, понесена од носталгијата изработила неверојатен модел од станот на Моника, целосно од хартија. За овој подвиг на Бруна ѝ биле потребни скоро 2 години. Најинтересен детаљ е тоа што на 23-годишната авторка на ова дело, ова и бил прв обид да направи модел од хартија. Навистина е импресивен!
Доколку сакате да го видите процесот на изработка, погледнете го видеото, кое таа го создала за еден натпревар на шоуто на Елен Деџeнерис.rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
