Авантурите на едно бебенце

Авантурите на едно бебенце

Сигнхилд е мала женска која ужива живеејќи ги своите луди авантури во креативната фотосерија на нејзиниот татко Емил Нистром, фотограф од Шведска. Со неговото бебе во главната улога, Нистром развил инвентивни концепти на своите фотографии, кои дефинитивно ќе ја донесат насмевката на вашето лице. Во неговите „фотошопирани“ композиции, малата фраерка прави доста бизарни работи во секојдневието: ја поправа колата, лета зад авион, ги молерисува ѕидовите и што ли уште не?! Нејзината весела насмевка, во комбинација со необичните околности, се дефинитивно бесценети.

Авантурите на едно бебенце

Нистром вели: „Ги обожавам бебешките изрази на лицето. Овие фотографии ме прават среќен кога ги гледам, а доколку истото чувство го предизвикуваат и кај другите луѓе, тогаш тоа веројатно значи дека сум успеал“.

Авантурите на едно бебенцеАвантурите на едно бебенце

Талентираниот фотограф успешно ги завршува сите негови концепциски идеи, бидејќи секогаш има подготвено цврста идеја како сето тоа да го изведе, без да го изгуби вниманието кое му е потребно од ќерка му, за потоа да ги употреби неговите експертски способности во Фотошоп, при финализирањето на сликите.

Авантурите на едно бебенце

Бидејќи бебенцето е многу мало, на фотографот честопати му треба помош од неговата сопруга, која ја држи Сигнхилд во некоја поза, а потоа тој неа ја брише од фотографијата на Фотошоп. Тој вели дека секој негов проект е различен кога станува збор за крајната обработка на фотографиите. За некои фотографии се потребни само 20 минути за да се направат, а за некои до 16 часа напорна работа. Финалната колекција фотографии дефинитивно ќе остане како еден забавен и креативен семеен албум, на кој ќе се навраќаат многу генерации.

Авантурите на едно бебенце Авантурите на едно бебенце Авантурите на едно бебенце Авантурите на едно бебенце Авантурите на едно бебенце

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар