Доколку некој планира да прави свадба наскоро, треба да го погледне овој многу смешен концепт на фотографот Квин Милер. Забавната фотографија се состои од свадбена прослава, на која гостите и младоженците врискаат и умират од страв, бегајќи од џиновскиот диносаурус кој им е зад пети. Крајниот резултат е дефинитивно уникатна фотографија, која вечно ќе ги засмева сите гости кои биле присутни на забавата.Милер, свадбен фотограф од Луизијана, решил да ја испроба оваа негова идеја на невестата Кејт Јанг и младоженецот Џејмс Лаудер, бидејќи Лаудер обожава диносауруси. Кога ќе се загледате одблизу, сечија експресија на лицето е апсолутно бесценета. На Милер му се посреќило овој негов експеримент да го направи со помош на одлична група учесници, кои испаднало дека можат да бидат и одлични актери пред фотоапаратот. rn
rn
Фотографот вели: „Тие се толку забавен пар и имаа толку интересна свадба, така што сѐ што јас требаше да направам, е да им кажам да бегаат од невидливиот диносаурус. И тие го направија тоа. Фотографијата ја добивме од прв обид, а целиот процес траеше максимум 2 минути“.
rn Одлична идеја за оние идни младоженци кои сакаат на својата свадба да покажат дека планираат вечно да го сочуваат својот млад дух, нели!? :)rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

