Седумгодишниот Лука Апс парите кои ги собрал за Божиќ минатата година ги потрошил на еден сет играчки од „ЛЕГО“. Најголемиот проблем со играчките од компанијата „ЛЕГО“ е тоа што се многу ситни и лесно можеш да ги загубиш.
Па така, еден ден, Лука без одобрение од својот татко понел една од играчките додека биле на пазарење и ја загубил. Откако се вратил дома, решил да им пише писмо на вработените во компанијата, замолувајќи ги да му пратат нова, бидејќи без неа сетот нема да му биде комплетен.rnrnВо писмото Лука напишал:rnrn
Здраво.rnrnМоето име е Лука Апс и имам седум години.rnrnСо сите пари што ги собрав за Божиќ го купив сетот „Ninjago“ од „Ultrasonic Raider“. Серискиот број е 9449. Навистина е добар.rnrnТатко ми ме однесе во „Sainsburys“ и ми рече да ги оставам играчките дома, но јас ги земав и го изгубив Jay ZX некаде во продавницата, бидејќи ми паднал од моето палто.rnrnНавистина сум вознемирен што го изгубив. Татко ми ми рече да ви пратам имејл, за да ве прашам дали би ми пратиле нова играчка.rnrnВетувам дека нема да го носам веќе по продавници.rnrn– Лука
rnПосле кусо време, Лука добил повратен мејл од страна на Ричард, претставник од корисничката поддршка на „ЛЕГО“. Во писмото тој му напишал дека „разговарал“ со Сенсеи Ву, главната играчка во сетот.rnrn
Лука,rnrnму пренесов на Сенсеи Ву дека губењето на играчката од твоја страна била несреќна околност и дека никогаш повеќе нема да допуштиш истото да се случи.rnrnТој ми рече да ти пренесам: „Лука твојот татко делува како мудар човек. Секогаш мораш да ги заштитуваш играчките ‘Ninjago’ како што змејовите ги заштитуваат оружјата од ‘Spinjitzu’!“rnrnСенси исто така ми кажа дека е во ред да ти испратиме нова играчка и ми дозволи да ти испратам неколку дополнителни играчки, бидејќи секој што ги потрошил своите заштедени пари од Божиќ за да ги купи играчките од „Ultrasonic Raider“ мора да е навистина голем обожавател на „Ninjago“.rnrnПа, се надевам дека сега ќе уживаш во твојата нова играчка придружена со сите оружја. Всушност, ти ќе бидеш единствениот што ќе ја има играчката која ги комбинира сите три во една. Исто така ќе ти испратам и еден негативец, за да има со кого да војува.rnrnСамо запомни што рече Сенси Ву: заштитувај ги своите играчки… и се разбира, секогаш слушај го твојот татко.
rnОва е типичен пример како големите компании си обезбедуваат целоживотен и задоволен купувач.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
