Фотографии од вулканот Павлоф кои ќе ве остават без зборови

Фотографии од активниот вулкан Павлоф кои ќе ве остават без зборови

Астронаутите кои моментално се на Интернационалната Вселенска Станица (ISS), на 18 мај 2013 година направиле неверојатни фотографии од вулканот Павлоф. Накосената перспектива од станицата ни овозможува тродимензионален поглед на насобраниот пепел, кој ретко кога може да се види во вакво светло од оваа далечина.Фотографии од вулканот Павлоф кои ќе ве остават без зборовиВулканот Павлоф се наоѓа во Алеутската арка на околу 1.000 километри југозападно од Енкориџ, Алјаска. Тој започнал со ерупција на 13 мај 2013 година. Вулканот исфрла лава и пепел во воздухот кои достигнуваат и до 6.000 метри височина. Кога биле направени овие фотографии, вселенската станица била оддалечена околу 760 километри од активниот вулкан. Како што можете да видите на фотографиите подолу, пепелта се шири југозападно над Северниот Тихи Океан.Фотографии од вулканот Павлоф кои ќе ве остават без зборовиФотографии од вулканот Павлоф кои ќе ве остават без зборови


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар