Овесни снегулки со кафе

Овесни снегулки со кафе

Здрав оброк кој ќе им се допадне на љубителите на кафето

Овесни снегулки со кафе

Потребни состојки:
  • 100 грама овесни снегулки
  • 130 мл млеко
  • 250 мл вода или уште млеко
  • прстофат сол
  • една кафена лажичка инстант кафе
  • засладувач по желба
Начин на подготовка:

Ако ги подготвувате во микробранова печка: Измешајте ги овесните снегулки, млекото, водата и солта во сад и ставете го садот во микорбранова печка на околу 4 минути. Притоа внимавајте да не претече во меѓувреме. Потоа исклучете ја микробрановата и оставете го садот внатре уште 5 минути, па пренесете го во фрижидер да се лади една ноќ. Наредното утро додајте го кафето, уште еден прстофат сол и засладувач. На крај можете и да му додадете растопено темно чоколадо за декорација кое ќе му даде и уште подобар вкус.

Ако ги подготвувате на шпорет: Ставете ги сите состојки во сад на оган и повремено мешајте сè одека овесот не омекне убаво. Потоа оставете го во фрижидер да се лади една ноќ. Ако сакате да ги консумирате веднаш, наместо 250 мл вода ставете околу 130 мл. На крај можете да додадете и растопено темно чоколадо.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар