КАФЕ ПАУЗА

Разговори што треба да се прават лице в лице

Разговори што треба да се направат лице во лице

Written by

in

,

Лесно е да одржувате пријателства преку социјалните мрежи како Фејсбук и твитер… добивате известувања за родендени, знаете кој имал тежок ден и што ново му се случило… и сè тоа без да го завртите телефонскиот број.rnrnРазговори што треба да се направат лице во лицеrnrnЖивеејќи брз и динамичен живот, секој од нас има широк круг од пријатели и познаници кои ги запознава речиси секој ден. Но, сите имаме и еден интимен круг од најблиските кои најмногу ни значат. Треба да се знае дека постојат некои разговори кои е подобро да се направат во живо или во најмала рака преку телефон, наместо преку СМС или Фејсбук „четување“ – тонот на гласот, изразите на лицето и сосредоточеноста се губат кога не се ставени во комуникација лице в лице. Прочитајте кои се тие разговори:rn

Раскинување

rnБез оглед на тоа како прекинала врската со вашиот партнер и кои се причините за тоа, најдобро е ова да се направи и каже в лице.rnrnРазговори што треба да се направат лице во лицеrn

Покана за на кафе

rnПоканете го на кафе оној кој ви се допаѓа кажувајќи му го тоа в лице. Така, ќе оставите впечаток дека сте заинтересирани и сериозни во врска со поканата.rn

Честитање роденден

rnВашиот пријател заслужува повеќе од СМС-порака или честитање на ѕидот на неговиот Фејсбук-профил.rnrnРазговори што треба да се направат лице во лицеrn

Изразување сочувство

rnПокажете им со своето присуство на најблиските дека сочувствувате со нивната болка или загуба.rn

Првото „те сакам“

rnСоберете храброст и реченицата „те сакам“ нека излезе од вас токму пред лицето на саканата личност.rnrnРазговори што треба да се направат лице во лицеrn

Известување за бременост

rnСигурно не сакате да дознаете дека вашата најблиска пријателка е бремена преку статус на Фејсбук, нели?rnrnРазговори што треба да се направат лице во лицеrn

Известување за развод

rnИстото што важи за раскинувањето, важи и за разведувањето. Иако лутината може да ве совлада до степен што ќе сакате сите ваши Фејсбук-пријатели да сочувствуваат со вашата болка и бес, ова не е вистинскиот начин да дознаат за ова вашите роднини, а уште помалку роднините на вашиот доскорешен партнер.rn

Проблеми во врската

rnНе е пријатно вашите пријатели на Фејсбук да ги читаат вашите љубовни драми и препукувања преку статуси и видео клипови со посвета. Недоразбирањата и проблемите се решаваат со разговор лице в лице.rnrnРазговори што треба да се направат лице во лицеrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.