Мистеријата зад синото небо
„Сини неба ми се насмевнуваат. Ништо друго освен сини неба не гледам јас…“ – Ирвин Берлинг.
Доколку и вие некогаш исто како Ирвин Берлинг сте се запрашале зошто гледате само сино небо над вас, тогаш сте на вистинското место. Биле потребни многу векови и многу интелигентни луѓе како Аристотел, Исак Њутн, Томас Јанг, Џејмс Клерк Максвел и Херман вон Хелмхолц за да се открие одговорот на оваа загатка бидејќи решението вклучува повеќе компоненти: боите во сончевата светлина, аголот под кој соларното осветлување патува низ атмосферата, големината на честичките во воздухот и атмосферските молекули и начинот на кој нашите очи ја перципираат бојата.Ако гледаме низ очите на физиката, бојата се однесува на брановата должина од видливата светлина која напушта еден објект и удира во сензор, како на пример човековото око. Овие бранови должини можат да бидат одбиени или распрскани од некој надворешен извор или пак да се рашират од самиот објект.
Бојата на еден објект се менува во зависност од боите кои се содржат во изворот, на пример, црвената боја набљудувана под сина светлина изгледа црна. Њутн покажал со помош на призма дека белата светлина од сонцето ги содржи сите бои од видливиот спектар, па поради тоа сите бои кои можеме да ги видиме се возможни под сончевата светлина.Светлината којашто доаѓа од сонцето е направена од многу бои, а секоја од нив има различна бранова должина. Атмосферата влијае на тоа како секоја боја на светлината ќе помине, така што светлосните бранови се сретнуваат со молекулите, малите водени капки и парчињата прашина кои се наоѓаат во неа.
Сината светлина има пократка бранова должина и честичките во воздухот ја распрснуваат насекаде, правејќи го небото да изгледа сино. Црвената светлина има подолга бранова должина, која се однесува многу поцврсто и не може да биде толку лесно распрсната.Зајдисонцата се црвени затоа што навечер светлината поминува низ повеќе атмосфера за да стигне до нас. Тоа значи уште поголемо распрскување на сината светлина, што овозможува црвената и жолтата да се пробијат директно до нашите очи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.