Направете сами: Необична кул нараквица
Секојдневно можеме да наидеме на многу интересни аксесоари направени од веќе искористени предмети кои повеќе не ни се потребни, а со малку труд и инвентивност можеме да ги направиме во нешто многу штосно.
Таков е и примерот со оваа нараквица за која не ви се потребни ниту многу пари, ниту многу време за да ја изработите. Само 5 до 10 минути.
За создавање на оваа ефектна нараквица потребни ви се 15 отворачи од лименки и една подолга сатенска лента во боја која вам ви одговара. Должината на траката, кога ќе ја превиткате на половина, треба да биде за барем една третина поголема од обемот на вашиот зглоб.Превиткајте ја траката на половина и почнете да ја нижете низ дупките на отворачите од лименката, како што е прикажано на сликите. Истото направете го со двете половини од лентата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
УБАВО СМИСЛЕНО И МНОГУ ВИСТИНИТО. МОИ ЧЕСТИТКИ ВИКТОР