Историјата на оваа неверојатна вила започнала од 1968 кога еден млад Италијанец ги здогледал заливите и лагуните од авион. Денес, таа е најневеројатната вила во Коста Карејес, Мексико. 
Погледи кои го одземаат здивот, бесконечен базен, удобно и модерно наместени соби го прават ова место уникатно, ексклузивно и луксузно.rnrnТри соби од главната куќа имаат директен излез на базенот, а покрај овие има уште еден апартман во посебна кула и две бунгалови до кои се пристапува со електрична гондола. 
Во вилата можете да си изнајмите соба за да го поминете викендот. Не дека би ви требало ако отидете, но ете, има и безжичен интернет пристап.rnrnВо Мексико е топло во текот на целата година, а празниците се ближат, па… размислете.










rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
