Убава, талентирана, моќна, успешна… Бијонсе е жената која со години е во шоу бизнисот и останува гордо на музичкиот трон. Нејзината музика е моќна, гласот и перформансот незаменливи, а нејзините зборови мотивирачки. Ова се 11 цитати на Бијонсе кои ќе ве инспирираат.rnrn
rn
1. „Не сакам да се коцкам, но она на што би се обложила, е себеси“.
rnrn
2. „Треба да ја преобликуваме нашата перцепција за самите себе“.
rnrn
3. „Работете го она за кое сте родени. Сè што треба да направите е да верувате во себеси“.
rnrn
4. „Вистински верувам дека со тешка работа се остварува која било цел. Знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, но само продолжете да се обидувате“.
rnrn
5. „Моќта не ви е подарена. Треба да ја земете“.
rn
rn
6. „Колку ќе се цените себеси, одлучувате сами. Не треба да зависите од некој кој ви кажува кои сте“.
rnrn
7. „Дозволете љубовта и почитта да ве водат и секогаш бидете добри еден спрема друг“.
rnrn
8. „Кога се чувствувам лошо, го користам тоа чувство да ме мотивира да работам повеќе“.
rnrn
9. „Мислам дека е во ред да бидете нервозни. Тоа значи дека ви е грижа“.
rnrn
10. „Сите доживуваме периоди кога се губиме себеси. Затоа е важно да имаме пријатели кои се искрени со нас, нè држат цврсто до земја и ни помагаат да бидеме тоа што навистина сме“.
rnrn
11. „Најзаводливото нешто кај една жена е самодовербата“.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
