Поучна приказна: Таткото и синот
Синот: Тато, може да те пашам нешто?
Таткото: Да, секако. Кажи.
Синот: Тато, колку пари заработуваш за еден час?
Таткото: Не би требало да те интересира тоа. Зошто ме прашуваш?
Синот: Само сакам да знам. Те молам кажи ми колку пари заработуваш за еден час.
Таткото: Ако баш мораш да знаеш, 1.000 денари.
Синот: Ах! – извикува тажно наведнувајќи ја главата.
Синот: Тато, може ли да ми позајмиш 500 денари?
Таткото збеснува и му вели на синот: Ако единствената причина поради која ме прашуваше колку заработувам е за да ми побараш пари да си купиш некоја глупава играчка или друга глупост, тогаш марш во соба и право во кревет. Размисли за своите себични постапки. Јас работам многу напорно секој ден за да трпам вакво детско однесување.
Малото дете послушно си заминало во својата соба и ја затворило вратата.
Таткото во меѓувреме станал уште полут поради прашањата на неговиот син.
Како се осмели да ми поставува такво прашање само за да ми бара пари – си помислил тој.
По околу еден час, таткото се смирил и почнал да си размислува: А можеби стварно му требале тие 500 денари за да си купи нешто важно. Во суштина тој и не бара пари толку често.
Таткото отишол до собата на детето и ја отворил вратата.
Таткото: Спиеш сине?
Синот: Не тато, буден сум.
Таткото: Размислував. Можеби бев престрог кон тебе предмалку. Имав долг ден и ја истурив нервозата врз тебе. Еве ти ги тие 500 денари кои ми ги побара.
Синот веднаш се исправил на креветот и со широка насмевка рекол: Фала тато!
Потоа, ја протнал раката под перницата и извадил неколку стуткани банкноти. Кога таткото видел дека синот веќе имал пари од пертходно, повторно се разлутил. Момчето полека ги избројало парите и погледнало кон татко си.
Таткото: Зошто ти требаа пари ако веќе имаше?
Синот: Бидејќи немав доволно, но сега имам.
Синот: Тато, имам 1.000 денари. Дали може сега да купам еден час од твоето време. Те молам врати се утре порано дома од работа. Би сакал да ручаме заедно.
Таткото бил скршен. Го прегрнал синот и му се извинил за неговото невнимание.
Ова е само мало потсетување за сите нас кои работиме многу напорно во животот. Не смееме да дозволиме времето да ни се лизне низ прсти, без притоа да поминуваме време со оние кои ни значат и кои ни се блиску до срцето.
Не заборавајте да замените 1.000 денари од вашето време за време со некој кој навистина го сакате. Ако утре умреме, компанијата во која работиме веднаш ќе најде замена за нас. Но, семејството и пријателите кои сме ги оставиле зад себе, ќе ја чувствуваат загубата до крајот на своите животи.
И запомнете, се внесуваме целосно во работата, заборавајќи на семејството. Но, некои работи се едноставно поважни во животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.