Во саботното издание на „Britain’s Got Talent“, публиката имаше неверојатна можност да остане вџашена од една изведба, без притоа да ги види и да ги слушне изведувачите. Барем не директно.
Унгарското театарско студио „Attraction“ пренесе целосна љубовна, но и трагична приказна преку сцени проектирани на екранот како сенки. Сцените ги креираат самите изведувачи, трансформирајќи се од човечки силуети во неверојатни формации, кои ќе ви изгледаат невозможни, сè до моментот додека тие не се преобразат повторно во човечки фигури.
Оваа изведба ја потресе публиката, ја расплака и ги дигна на нозе судиите во жирито. Пуштете го видеото и подгответе се да бидете вчудовидени.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

