Не само што е најголем христијански празник, Велигден е ден кога може да ја покажете вашата креативност во најголема мера. Играјте со бои, креирајте форми и направете ги вашите велигденски јајца уникатни и интересни како никогаш досега. Ние само ќе ви дадеме некои идеи за да ја поттикнеме вашата креативност, останатото е во ваши раце, забавувајте се!rn
1. Акварел јајца
rnЗемете темперни или водени бои и обојте ги јајцата по ваша желба. Потоа со фломастери нацртајте најразлични весели фигури и дизајни. Доколку имате малечки дечиња, дајте им ја нив оваа задача. Не само што ќе ги израдувате, туку и ќе ви бидат од помош.rnrn
rn
2. Омбре јајца
rnОмбре стилот стана многу популарен, во облеката, фризурите, ноктите, па зошто да не и на велигденската трпеза? Целата постапка е многу едноставна. Додека ги вапсувате јајцата, чувајте ги различен период во бојата за вапсување. Колку подолго стојат толку поинтензивна ќе биде бојата. Потоа во вашата кошничка наредете ги велигденските јајца по нијанси.rnrn
rn
3. Г-дин Јајце
rnСте го запознале господинот Јајце? Тој ќе ја разигра вашата велигденска трпеза и ќе ги расположи членовите на вашето семејство, особено најмладите. На јајцата нацртајте им лице, секако не смеете да ги заборавите мустаќите. Сместете го господинот Јајце во чашка за јајце која претходно ќе ја украсите со самолеплива хартија. Направете му и капа од листови во боја, „дотерајте“ го по ваша желба.rnrn
rn
4. Велигденска радост
rnОткако ќе ги бојадисате јајцата оставете ги добро да се исушат. Потоа со помош на четка за сликање, на повеќе места на јајцето направете неколку точки во облик на цвет. Употребете различни бои за да биде вашата декорација уште поинтересна, а по можност користете темпера. Потоа залепете монистра во центарот на секое цветче. Не запирајте само на овој дизајн, останатите јајца украсете ги поинаку. Од бела самолеплива хартија, исечете различни форми и залепете ги на јајцата. Потоа залепете монистра во средина на двете страни. Уште подобро доколку имате монистра во различни бои.rnrn
rn
5. Светки и шаренила
rnНанесете лепило по површината на јајцето, потоа извалкајте го во шарени светки. Толку лесна постапка, а толку уникатен изглед на вашите велигденски јајца.rnrn
rn
6. Шаренковци
rnКупете конци во најразлични бои и замотајте ги јајцата во нив. Бидете слободни да играте со боите и дезените по ваша желба.rnrn
rn
7. Ботанички дизајн
rnЗалепете суви листови и малечки цветови на јајцата. Потоа замотајте ги во парчиња тенок текстил, па во лушпи од кромид и оставете ги да се варат.rnrn
rnrnСамите лушпи ќе им дадат боја на јајцата, па така тие ќе добијат боја на ќерамида. Потоа отстранете ги листовите и цветовите и уживајте во декорациите кои ги добивте како резултат на вашата работа. За поинтензивна боја, препорачливо е лушпите од кромидот да ги оставите во ладна вода неколку минути пред да почнете со постапката.rnrn
rnrnИсто така, лушпите од кромидот може да ги искористите додека ги вапсувате јајцата со црвена боја, бидејќи со нивна помош ќе добиете уште поинтензивна црвена боја.rn
8. Декорација со семе од растенија
rnНа јајцата залепете семе од растенија, како леќа, ориз, пченица… Може да залепите и малечки тестенини. Дозволено е сè што е ситно и што ќе направи јајцата за овој Велигден да изгледаат што пооригинално.rnrn
rn
9. Јајца со дизајн на вратоврски
rnИсечете ги материјалите, замотајте ги јајцата во нив и цврсто врзете ги на краевите. Оставете ги да се варат во вода каде претходно ќе додадете оцет. Дезените на вратовтските ќе се ископираат на јајцата правејќи ги навистина уникатни. Не заборавајте, доколку ја одберете оваа декорација, ви требаат стари вратоврски и дозвола од вашиот сопруг или татко. Не сакаме кавги пред Велигден.rnrn
rn
10. „Облечени“ јајца
rnКога сме веќе кај искористување на старите материјали низ дома, за оваа постапка може да ви послужи секој материјал со отвори, како на пример чипката или везените материјали. Облечете ги јајцата и зашијте ги на краевите. Додадете им панделки или нешто друго по ваш избор.rnrn
rnrnОвие идеи не ви беа доволни? Погледнете уште интересни идеи за украсување велигденски јајца. Не заборавајте да ни се пофалите колку добри излегле вашите велигденски декорации.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
