Пролетта веќе започна, каде и да погледнете можете да забележите дрвја со нови лисја, прекрасни цвеќиња на земјата и птици кои со песна ја испраќаат зимата. Но, ако страдате од алергии, пролетта не е толку убава слика за вас – всушност, таа повеќе изгледа како кошмар од кој не можете да избегате. Наредниве неколку месеци ќе ви бидат тешки, па затоа прочитајте ги овие неколку совети кои можат барем малку да ви ја олеснат борбата со алергиите…rn
Држете ги прозорите затворени
rnНајважното правило за да си помогнете на себе е да ги држите причинителите на алергии што подалеку од вас. Најдобриот начин да успеете во оваа намера е доколку прозорците и вратите од вашиот дом останат затворени.rnrn
rnrnИ покрај тоа што топлото време и свежиот воздух можеби ве примамуваат, издржете барем додека не помине најбурниот период на пролетта и потоа внесете малку нов воздух во вашиот дом.rn
Приклучете развлажнувач на воздух
rnАлергиите се влошуваат во посуви климатски услови каде што нема доволно дожд за да ги бутне причинителите на алергии од воздухот во земјата каде што не се толку голем проблем. Но, само затоа што е суво надвор, не мора да значи дека треба да биде суво и внатре. Пробајте да си помогнете со апарат кој ќе го развлажнува воздухот во вашиот дом.rnrnНо, бидете внимателни со неговата употреба. И покрај тоа што малку повлажен воздух може да ви помогне, доколку претерате со употребата, големи се шансите да предизвикате појава на мувла која исто така влијае негативно на алергиите.rn
Купете прочистувач на воздух
rnДруг начин на кој можете да си помогнете во сезоната на алергии е со прочистувач на воздухот. Тој ги отстранува прашината и останатите причинители на алергии од воздухот кој го дишете. За најголем ефект, чувајте го во просторијата каде што спиете. Или пак, доколку работите од дома, наместете го онаму каде што го поминувате поголемиот дел од денот.rnrnКолку е почист воздухот, толку помалку вашето тело мора да се бори, притоа овозможувајќи ви поголем мир и удобност во вашиот нос.rn
Обидете се со нети пот
rnОвој начин на справување со алергиите може на прв поглед да ви биде застрашувачки. Сепак, на кој би му се допаѓала идејата да внесува вода низ едната носница само за истата да излегува низ другата? Тоа може да создаде чувство на давење, што не секоја личност свесно би го посакала.rnrn
rnrnНо, ако можете да преминете преку начинот на кој ова функционира, ќе сфатите дека и не е толку лошо. Топлата вода предизвикува чувство на олеснување во воспалените носни патишта и ефективно ги отстранува причинителите на алергиите кои го предизвикуваат тој проблем. Да не заборавиме и на фактот дека во солената вода нема хемикалии или неприродни супстанци кои предизвикуваат непријатни несакани последици.rn
Пијте јаболков оцет
rnСе верува дека јаболковиот оцет има голем придонес при одржувањето на здравјето (како на пример, одржување на постабилно ниво на шеќер кај дијабетичарите, намалување на крвниот холестерол и притисок, па дури и при борбата со ракот), но исто така помага и при борбата со алергиите. Како?rnrnАко се напиете една лажичка чист оцет, што ќе се случи? Вашите очи ќе почнат да солзат и синусите ќе ви се прочистат. Сите овие нешта помагаат при исфрлање на причинителите на алергии надвор од вашето тело.rn
Пијте многу вода
rnЕдна од најдобрите нешта кои можете да ги направите за време на сезоната на алергиите е да пиете многу вода. Колку повеќе поете вода, толку повеќе слуз може да направи вашето тело. И секако, колку повеќе слуз имате, толку сте поспособни за борење со сите оние причинители на алергии со кои секојдневно се сретнувате.rnrn
rnrnВашата цел нека биде околу 6-8 чаши вода дневно. Доколку не сте навикнати да пиете чиста вода во поголемо количество, тогаш додајте во неа малку цеден лимон или портокал.rn
Јадете зачинета и/или топла храна
rnЗачинетата храна функционира на сличен начин како и јаболковиот оцет. Погрижете се храната да ви биде толку лута што ќе ви бидат потребни марамчиња додека јадете.rnrnКако што веќе спомнавме, колку повеќе го прочистувате вашиот нос, толку подобро ќе биде за вас. Овој начин на справување со алергиите не само што е природен и ефективен, туку и ви овозможува резултати веднаш.rn
Посетете доктор
rnДоколку сте се обидете со сè, но ништо не ви помогнало, можеби е време да го посетите вашиот доктор. Дознајте дали ви е потребен специјализиран третман за да го спречите влошувањето на вашите алергии или пак, станува збор за некој вид инфекција.rnrnАлергиите знаат да бидат многу досадни и проблематични, но постојат многу работи со кои можеме да ги направиме полесни. Обидете се со некои од овие совети денес и се надеваме дека уште утре ќе можете полесно да дишете.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
