Портрети на познатите насликани во шолја кафе

Портрети на познатите насликани во шолја кафе

Лате арт е форма на уметност која ги надополнува убавината на мирисот и вкусот со дизајнот на кафето и ги поврзува во уникатно единство, кое прави уште повеќе да уживаме во овој моќен напиток, без кој многумина не можат да го поминат денот.

Бариста мајсоторот Мајк Брич се занимава со портретирање на пената на врвот од кафето, кое му служи како платно на кое црта со помош на бамбусово стапче. На неговите краткотрајни дела, можат да се најдат ликовите на познати рок ѕвезди, артисти, вонземјани и големи брилијантни умови. Портрети на познатите насликани во шолја кафе

Тој вели: „На некој начин, јас сакам да бидам како Вили Вонка само со кафе – да го правам интересно и забавно за луѓето, да ја тргнам претенциозноста настрана, да ја отстранам сериозноста од него.“

Па, можеби еден ден и ќе успее во тоа. Моментално е во потрага по спонзор кој ќе му овозможи да отвори своја кафе-продавница. Се надеваме дека производителите на кафе ќе го забележат неговиот уникатен талент и ќе му помогнат да го живее својот сон како Вили Вонка во својата лична „Фабрика за кафе“.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар