Модни правила за мажи за оваа пролет
Пролетта конечно ни дојде, а со тоа пополека почнуваме да ја менуваме дебелата зимска облека со полесна, потенка и повесела. За да можете да направите успешна транзиција кон оваа сезона, потребно е да се водите по неколку правила кои ќе ви помогнат многу полесно да успеете во тоа.1. За успешно да ја започнете сезоната, обезбедете си неколку пролетни палта, кои ќе ги носите без вратоврска. Исто така можете да си купите сини или кафени чевли.
2. Доколку купувањето нови палта не влегува во вашиот буџет, тогаш искористете некое старо, но сменете ги работите кои се наоѓаат под него. Можете да купите кошули со светла боја и вратоврски со дезен или пак шарена кошула која ќе ја носите со еднобојна вратоврска која ќе го направи контрастот.3. Идеален пар обувки за оваа сезона се лесните чевли изработени од антилоп.
4. Ладните пролетни ноќи бараат секогаш со себе да носите шал или марама. Без разлика дали е еднобојна или со некаков дезен, во комбинација со спортско палто делува модерно, а истовремено лежерно.5. Доколку сакате да се облечете неформално, одберете тенки куси панталони во комбинација со еднобојни мокасини. Доколку сакате да експериментирате, можете да пробате со некоја пожива боја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.