Водич: одберете чанта според вашето тело

Сподели

Чантата е моден додаток кој го заокружува вашиот изглед. Но, чантата може да го направи изгледот префинет или сосема да го уништи. Затоа, внимавајте кога купувате и одбирате чанти. Тие треба да ги нагласат вашите најдобри делови од телото и да бидат дел од вас.

Реклама

Жени со голем граден кош

rnЖените со широки раменици и голем граден кош треба да избегнуваат чанти со мали рачки, бидејќи нивното носење го акцентира токму тој дел во кој се најшироки. Одберете чанти со долги рачки со кои ќе може да се одвлече вниманието од рамениците и градите, а ќе ја потенцира вашата облека. Ако пак целта ви е да ги нагласите вашите големи гради, тогаш чанта со мали рачки или без рачки е онаа која го прави тоа најдобро.rn
rn

Жени со широка половина и колкови

rnШироката половина, големиот стомак и широките колкови ќе изгледаат речиси незабележително ако носите чанта чии рачки завршуваат под рацете (под пазувите). Држете се настрана од чанти со долги рачки до колковите или стомакот, затоа што тие го нагласуваат тоа што вие не го сакате кај себе.rn
rn

Жени со нагласени облини

rnИзбегнувајте мали коктел чанти, бидејќи со нив ќе изгледате уште поголеми од тоа што сте. Чанта со нормална големина или од средна до голема димензија е тоа што ви треба за да ја задржите вашата пропорција со пропорцијата на чантата.rn
rn

Високи и слаби жени

rnНајдобро ќе ви прилегаат мали коктел чанти и чанти со мали, незабележителни рачки. Големите и масивни чанти не изгледаат убаво на висока девојка.rn
rn

Ниски жени

rnБидејќи ниските жени сакаат да изгледаат барем сантиметар повисоко, тоа можат да го постигнат со чанта со долги и тенки рачки во боја на облеката која ја носат. Избегнувајте широки чанти со големи рачки и разни додатоци, бидејќи тие прават да изгледате уште пониски од тоа што сте.rn

rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира