КАФЕ ПАУЗА

9 идилични села во Швајцарија

9 идилични села во Швајцарија

Швајцарија е позната по својата живописна убавина. Доколку сакате да појдете на еден релаксирачки одмор и да впиете позитивна енергија од оваа земја, топло ви ги препорачуваме овие прекрасни швајцарски села.rn

Венген

rnМирното швајцарско село Ванген е прекрасно место со долга историја. Домаќин е на познатото скијачко натпреварување „Lauberhorn Run“, а годишно го посетуваат илјадници вљубеници во овој спорт.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Алтштетен

rnОние кои обожаваат да го поминуваат своето време надвор, мораат да го посетат селото Алтштетен. Можете да ги шетате убавите улички на местото, да појдете на шопинг, да направите тура за да дознаете нешто повеќе за историјата на селото, да појдете на планинарење или да уживате во панорамата од специјализираното вовче кое ќе ве води на обиколка.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Интерлакен

rnСместено помеѓу двете прекрасни езера Бриенц и Тун, Интерлакен е прекрасно место за бегство од секојдневните обврски. Ќе се воодушевите од неговата убавина, а лесно е достапно со воз.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Гимелвалд

rnИако во Гимелвалд  живеат само 130 луѓе, ова место има што да им понуди на туристите кои го посетуваат. Можете да престојувате во неколкуте пријатни хотели и мотелчиња.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Шпиц

rnСместено на брегот на езерото Тун, Шпиц е прилично големо село. Главна атракција се водените спортови, заедно со замокот кој можете да го посетите со некоја тура. Овде морате да го пробате локалното вино.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Лојкербад

rnЛојкербад има долга историја, а се верува дека местото постои уште од 4-тиот век пред нашата ера. Локалните топли извори ги примамуваат туристите да дојдат да уживаат во придобивките од термалните бањи.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Андермат

rnОва село е доста популарно во скијачката сезона, но е и одлична алтернатива за летото, доколку сакате да си го поминете одморот релаксирајќи се во прекрасната природа.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Гриндервалт

rnПрекрасно село, кое е лесно достапно со воз. Во текот на годината во него се одржуваат голем број настани и фестивали.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

Мурен

rnМалото село Мурен е тешко достижно, но вреди за маката. Рестораните имаат прекрасен поглед кон планините и снежните врвови.rnrn9 идилични села во Швајцарија
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.