Њујорк во своето најдобро светло

Њујорк во своето најдобро светло

Тајмлапс видеата се еден од најпопуларните трендови периодов, а градот Њујорк отсекогаш бил најжешкото место за снимање поради неговата убавина. Семјуел Ор сакајќи да направи нешто многу покреативно го пренесе целиот концепт на сосема ново ниво со негово видео „New York Day“.

Њујорк во своето најдобро светло

Фотографот се надева дека ќе создаде серија од тајмлапс видеа кои ќе го покажат вистинското светло на животот и луѓето во овој сјаен град. Секое видео е кратка приказна – луѓето „оживуваат“ наутро на својот пат, живеејќи го својот ден и потоа полека сè се стивнува во текот на вечерта – сè ова со цел да се покаже како изгледа еден просечен ден во Њујорк. Ор вели дека со вклучувањето на вистинските звуци од градот се овозможува „моментално искуство“, исто како вие токму сега да се наоѓате таму.

„Знае да биде малку тешко да се снима тајмлапс на место како Њујорк. Луѓето се предизвик, но генерално се добри, заинтересирани и од голема помош. Или бар не ве малтретираат – освен оној човекот кој беше загрижен затоа што сум правел многу фотографии од Empire State Building.“

Патот на Ор кон тајмлапс фотографијата бил неочекуван. Тој започнал како екологист, правејќи документарни филмови за природата. За тоа време, тој сфатил дека тајмлапсот е одличен начин да се демонстрира како пејзажите и растенијата се менуваат со тек на време.

Но снимајќи во Њујорк, неговата перспектива за природата наспроти убавината на градот целосно се сменила.

„Гледајќи ја оваа снимка, сфатив дека пејзажите во градот се менуваат исто толку неверојатно како и оние природните.“

Планот на Ор е да направи повеќе тајмлапс видеа, фокусирајќи се на различни сезони во градот и потоа да го претвори видеото кое претставува еден ден во Њујорк, во видео кое ќе ни ги покаже сите промени на градот во текот на една година.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар