Тренди машки фризури за 2013

Сподели

Стилистите препорачуваат на фризурата да се гледа како на важен составен дел од сопствениот изглед, кој може многу да придонесе за севкупниот впечаток кој го оставаме. Тие издвојуваат неколку варијанти кои ќе направат да изгледате модерно во наредниот период.rn
rn

Реклама

Подолга коса на врвот

rnБерберот нека ве истриже само со ножици од страните, а на врвот нека ви остави малку подолга коса. Нека ви остави и малку подолги шишки за уште поинтересен изглед, кој ќе ви овозможи често да го менувате стилот на вашата коса без повторно да барате помош од него.rn

Едноставна уредна фризура

rnВаквиот стил никогаш не излегува од мода. Иако изгледа доста едноставно, мора да внимавате секогаш да ја носите вистинската должина.rn

Неповрзана должина меѓу врвот и страните

rnРечете му на берберот да ви остави повеќе коса на горниот дел, така што должината ќе изгледа несразмерна со страните. Колку поголема разлика ќе има меѓу нив, толку посилен впечаток ќе оставите.rn

Долга коса

rnНе оставајте ја да биде подолга од рамената и постојано одржувајте ја. Многумина се лажат дека можат да носат долга коса со малку одржување и да изгледаат уредно, но вистината е дека убавата долга коса бара многу труд.rn

Средно долга коса

rnНосете должина која ќе оди малку под ушите, но побарајте од берберот да ги среди краевите така што ќе изгледа уредно. Така ќе имате опуштен изглед, а со едноставно повлекување на косата наназад ќе оставите многу поелегантен впечаток.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира