Ретро фотосесија на прекрасен љубовен пар
Има нешто во ретро фотографиите, некоја магична носталгичност за друго време, која им дава посебно чувство и убавина. Особено кога доловуваат убави моменти на заљубен пар. Овие фотографии се дел од фотосесијата на прекрасните Стејси и Геоф на денот на нивната свршувачка, а се направени од страна на Sloan Photographers, брачен пар со блага опсесија за винтиџ елементи. Сè е совршено вклопено, почнувајќи од прекрасната природа, нивната усогласена облека, па сè до грамофонот и плочата. Оригинално и опуштено ја прикажуваат љубовта во вистинско светло, но малку ретро обоена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.