Ова е навистина совршен зимски накит, за сите оние девојки кои сакаат да експериментираат со уникатни модни стилови. „Бесконечниот шал“ ќе ве загрева додека сте надвор, но и ќе ве украсува кога ќе го соблечете капутот. Многу едноставно можете сами да го изработите во неколку бои, па потоа можете да комбинирате и неколку шалчиња одеднаш, кои совршено ќе се вклопат во вашата зимска гардероба.rnrnrnrnСледниов детален начин на изработка, ни го овозможува блогот pinkpistachio.com. Па ајде се фатиме за работа:rnrnУпотребете машка маица (боја по ваш избор), која нема странични рабови.rnrnПресечете со ножички од едната до другата подпазува.rnrnПресечете го долниот пораб на маицата (зачувајте го за подоцна).rnrnНаправете отсечоци дебели по 2.5 см, при што треба да ви излезат сѐ на сѐ од 15-17.rnrnПродолжете да сечете од секој отсечок, до крајот на парчето ткаенина. (оставете околу 1.2 см неисечен дел на крајот).rnrnУбаво растегнете ги сите „врвки“.rnrnУпотребете го сочуваното парче од поработ, за да ги поврзете сите делови кај неисечениот дел од 1.2 см, правејќи јамка. rnrnПресечете го вишокот со ножички.rnrnОставете го слободно да виси околу вашиот врат или превиткајте го во уште еден круг, за да добиете „ефект на раслојување“. rnrnТа-даам! Имате нов моден додаток! :)rnrn