Ако сте наумиле да поминете романтична филмска ноќ со саканата или саканиот, мора да ги имате предвид овие филмови.
rn
Неверство во кралскиот двор (A Royal Affair)
rnРежисер: Николај Арсел
Улоги: Алисија Викандер, Мадс Микелсен, Микел Бо Фолсгард
Премиера: 29 март 2012
Времетраење: 137 минути
Наша оценка: 9
Кратка приказна: Данскиот кандидат за годинешниот Оскар раскажува приказна за една англиска принцеза која ќе склучи брак од интерес со налудничав дански принц. Таа постојано ќе мора да ги трпи неговите љубовници и останатите понижувања, но деновите во недостаток на љубов и внимание ќе престанат кога во дворецот ќе пристигне новиот кралски лекар, со кого таа ќе започне страсна љубовна врска.

