КАФЕ ПАУЗА

Фустан кој станува проѕирен ако се возбудите

Фустан кој станува проѕирен ако се возбудите

Холандскиот моден дизајнер Daan Roosegaarde, основач на студиото „Roosegaarde“, креирал модна линија на хај-тек фустани кои стануваат провидни под влијание на емоциите на оние кои ги носат. Ха, одлично за на љубовен состанок. rnrnФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеrnrnМодната линија се вика „Intimacy 2.0“ и претставува проект кој ја изразува врската помеѓу технологијата и интеракциите кои ги остварува телото со луѓето од околината. Самите фустани, кои ги има во бела и црна варијанта, се направени од паметни непроѕирни е-фолии, па кога телото ќе се возбуди и срцето ќе почне забрзано да чука, спроводниците стануваат транспарентни.rnrnФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеrnrnПаметните фолии комбинираат ЛЕД светилки, безжична технологија, бакар и други материјали. Социјалните интеракции го одредуваат нивото на транспарентност на облеката, креирајќи ефект на сензуално разоткривање на женското тело.rnrnФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеrnrnКонцептот не е сосема нов, компанијата работеше на ваков проект и во 2010, но новата колекција се промовира токму во пресрет на Денот на вљубените. Фустаните се моментално изложени во Хонг Конг и Париз, додека за поширока јавност, ќе бидат достапни моделите од следната верзија на оваа модна линија, велат од компанијата.rnrn

rnrnСтудиото не ги занемарува ниту мажите, па во полза на понежниот пол, моментално работи на костуми кои стануваат проѕирни кога мажите лажат.rnrnИнтересна идеја, но дали би се осмелиле да облечете облека која може да ве разоткрие како се чувствувате?rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.