Забавни сообраќајни знаци

Забавни сообраќајни знаци

Последните две години некои сообраќајни знаци низ европските метрополи добиваат забавен белег благодарение на францускиот уличен уметник Кле Абрахам. Како вистински герилец, Кле се искрадува навечер и врз знаците поставува добро осмислени налепници кои од обичниот знак прават улична уметност. Тој тврди дека знаците и после неговата обработка ја вршат нивната функција. Според него ова е вистинскиот начин да ги прокоментира правилата во општеството и нивниот ограничувачки ефект врз слободното размислување и изразување на мислата.

Забавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знаци

За да создаде некое свое дело Кле обично се качува на воланот на велосипедот или на рамената на некој пријател за да може да го достигне знакот и прецизно да ја постави налепницата. Тоа го прави за дваесетина секунди, а ако не е толку брз ќе мора да се соочи со лутите полицајци и да плати казна, што за него не е непознато.

Забавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знациЗабавни сообраќајни знаци

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар