Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши

Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши

Ова е најверојатно најголемата фотографија во светот и истата едноставно ќе ве натера да заплачете што не сте таму, токму сега, во истиов момент! Таа нуди луксузен панорамски поглед од највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, овозможувајќи ви да „бидете“ во Дубаи, бар за момент.

Оваа фотографија е дело на Гералд Донован, на кој што му било дозволено да се искачи на највисоката точка на облакодерот Бурџ Халифа, на 828 метри надморска височина. Благодарение на него, можете да погледнете многу убави пејзажи од Дубаи, да го „посетите“ хотелот „Burj Al Arab”, најголемиот трговски центар во светот „Dubai Mall“, стазата за трки „Meydan”…

Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши

Составена е од 48 посебни панорамски фотографии, кои ги фотографирал со резолуција од 80 мегапиксели, кои потоа ги составил во една. Резултатот е неверојатен: фотографијата е огромна и со неа можете да си играте, зумирајќи ја и ротирајќи ја, при што ви дава шанса да помислите како би се чувствувале, кога би седнале на врвот од највисоката зграда во светот. Тоа е глетката, која Том Круз ја популаризираше, седејќи на врвот од зградата, за потребите на снимањето на 4-тото продолжение од филмот „Невозможна Мисија“.

Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши

Том Круз се качува по зградата во филмот „Невозможна Мисија 4“

Оваа фотографија е објавена во пресрет на свечената церемонија за доделување на наградите „HIPA“, која што ќе биде одржана во Дубаи, во март. Овој натпревар во фотографии има најголем паричен фонд за награди во светот. На фотографите ќе им бидат поделени 389.000 долари, а во целиот настан ќе учествуваат претставници од 99 земји. Победникот на „HIPA“, како главна награда ќе добие 120.000 долари.

Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши

„Ова е неверојатна фотографија направена од неверојатна локација. Таа ги рефлектира целите на HIPA, а тоа е проширување на границите на фотографирањето и прославување на фотографиите кои што имаат исклучителна убавина и квалитет и коишто навистина отскокнуваат“, вели Али Бин Талит, генералниот секретар за доделувањето на наградите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. ramazan Reply

    Za sreca vistina etaka,sve sto stoi vo statijata.Veke 5 meseci sum vo Dubai i gi posetiv ,pogolemiot broj na znamenitosti.No mozam slobodno da kazam deka ,ama bas seuste nisto ne sum videl.Dubai e posebna prikazna za sebe.Vredi da se poseti Dubai, no ne podolgo od dve nedeli.

Остави коментар