Ју Јужен од кинескиот град Вухан, со нејзината штедливост и малку среќа, станала милионерка, но не дозволила тоа да го промени нејзиниот карактер кон полошо. Таа шест дена во неделата, по шест саати дневно го чисти туѓиот отпад од улиците и ги празни контејнерите и кантите, а сето тоа го прави за да им остави добар пример на нејзиниот син и ќерка.rnrn
rnrnВистинскиот родител не се плаши од ништо кога сака на своите чеда да им остави добар пример. Меѓутоа, веројатно никој не отишол толку далеку како кинеската милионерка Ју Јужен, која со ваква мотивација, работи како чистачка на улици за 230 американски долари месечно.rnrnВо текот на 80-тите години, таа била фармерка во селото Huojiawan со просечни примања, но имала преголема волја да заштеди, па токму тоа и го правела заедно со нејзиниот маж. После неколкугодишно работење од самрак до зори, таа и нејзиниот сопруг станале единственото семејство во селото кое поседува куќа на 3 ката, а на многу луѓе кои доаѓале за да работат во тој крај им требало место за спиење, па тие почнале да им издаваат соби од куќата.rnrn
rnrnШтедлива каква што е, таа сета заработка од станарината ја тргала на страна и ја користела за да изгради уште куќи. Од секоја соба, имале месечна заработка од околу 8 долари. Наскоро имале три петкатни згради, кои ги издавале под наем.rnrnМеѓутоа, вистински пресврт во нивните животи се случил кога државата ја откупила нивната земја со куќите, за да изгради нешто друго на тоа место и ова ги направило милионери. За целиот имот, државата им дала 21 стан.rnrn
rnrnВо тоа време регулативите за градење имот во Кина биле лабави и овој пар не бил единствениот којшто дошол до имот. Но Ју, со свои очи видела како некои од селаните, богатството го расфрлиле и потрошиле на коцкање, алкохол и дрога, па затоа си задала цел таа да се однесува одговорно и да остави добар пример за нејзините деца.rnrnПовеќето луѓе, после ваквиот напорен аргатски живот, би седеле дома и би си ги броеле парите, но не и Ју. Таа во 1998 година се вработила како чистачка на улици, што значи дека секое утро станува во 3 часот, ја облекува портокаловата униформа и по шест часа дневно вредно си го заработува секој денар, чистејќи ја трикилометарската улица.rnrn
rnrn
„Човекот не треба само да седи дома и да го ‘јаде’ целото богатство. Сакам да им дадам добар пример на моите деца“ – рекла таа за тамошните медиуми и додава дека на нејзиниот син и ќерка им се заканила дека сите пари ќе ѝ ги даде на државата, доколку не се работливи.
rnrnПо сѐ изгледа заканата била ефикасна: синот работи како возач на камион за 320 долари месечно, а ќерката во канцеларија за 500 долари месечно.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
