Работата на дизајнерите е многу креативна и интересна, барем така е додека не ги добијат забелешките од нивните клиенти. Некои се строги, други имаат чудни забелешки, трети бараат премногу.rnrnКреативната заедница на Ирска, која ја сочинуваат дизајнери, аниматори, илустратори и директори, ги избрале најинтересните лоши реакции од незадоволните клиенти и ги дотерале во вид на постери во А3 формат. Парите од продажбата на постерите, кои чинеле по 10 евра од парче, се искористени за помош на детската болница Temple Street. Во продолжение погледнете го нашиот избор на најинтересните постери, секако во дигитална форма.rnrnrnМора да го тргнеме увото на бебето или барем да му го прилепиме малку до главатаrnrnГо испечатив, но анимираниот gif не се движи?rnrn„Треба да имаме повеќе слики од групи луѓе кои се забавуваат на неспецифични начини“rnrnСрцето ми кажува дека треба да користиш повеќе црвена боја…rnrnНаправете го логото ПОГОЛЕМОrnrn„Може жената на сликата да личи дека согорува 300 калории?“rnrnМоже да направиме да личи малку повеќе на лето?rnrnМоже да го направиме прасето посекси?rnrnЌе знам што сакам кога ќе го видам тоаrnrnМоже да употребите повеќе фонтови?rnrnНавистина ми се допаѓа бојата, но може да ја смените?rnrnНи се допаѓа вашиот стил. Но, ако може да ги направите карактерите да изгледаат по… ммм… нормално, би било супер. Обидете се со потенка црна линија, многу повеќе боја… и отстранете ја текстурата. И да, ни треба за утре до пладне.rnrnГо направив ова дома во Мајкрософт Пејнт. Може да направите да изгледа вака?rnrnМоже да го свртите во Фотошоп за да можеме да видиме повеќе од предниот дел…?rnrnИмаш Mac или PC? Имам Dell Hell (пекол)rnrnКлиентот: Не губете време или не знам што* туку ако сакате променете ги завршените дизајни** за да можам да видам како точно ќе изгледа идејата во сите варијанти за онлајн и офлајн медиуми Одговор: Го сакате ова за секоја корекција или само за оние што ќе ги изберете дека ви се допаѓаат? Не е проблем***. *Не ми наплатувајте **Окси и морон во комбинација ***НевистинаrnrnКоњов изгледа како зебраrnrnТаа е премногу стара за да биде баба. Може да го поправиме тоа во објавата?rnrn