Проверете што сè може да се направи за едно деноноќие. Ако сте со авантуристички дух, повелете соборете ги следните рекорди. :)rn
1. Да истрчате околу 446 километри
rn
rnrnУлтрамаратон е форма на маратон во кој учесниците се натпреваруваат кој повеќе ќе истрча во рок од 24 часа. Победникот на последниот ултрамаратон е Американецот Мајк Мортон. Тој истрчал над 446 километри.rn
2. Да настапите на 8 концерти во 8 различни градови
rn
rnrnИзминатото лето, психоделичниот рок бенд „The Flaming Lips“ го собори рекордот на Џеј-Зи, одржувајќи 8 концерти во 8 различни градови, од Тенеси до Луизијана.rn
3. Да направите 801 тетоважа
rn
rnrnВо 2008 година, тату-уметникот Холис Кантрел од Аризона за точно 24 часа изработил 801 тетоважа или двојно повеќе од претходно утврдениот рекорд.rn
4. Да направите 46.001 склекови
rn
rnrnПред речиси една деценија, Чарлс Сервицио (Charles Servizio) направил 46.001 склекови за 24 часа.rn
5. Да направите 6.176 форми од балони
rn
rnrnВо 2004 година, Тим Турмонд (Tim Thurmond) успеал да направи точно 6.176 форми од балони за добротворна организација. Нема информации колку балони му испукале во овој процес. :)rn
6. Можете да изодите околу 48 километри со „месечевиот од“
rn
rnrnОва го постигнал Arulanantham Suresh Joachim. Мајкл Џексон сигурно би бил горд на него.rn
7. Да решите 4.786 рубикови коцки
rn
rnrnТоа е околу 4.785 пати повеќе отколку што може да реши еден просечен човек.rn
8. Да играте во секое казино во Лас Вегас
rn
rnrnЏек Фримен и неговиот син Џереми успеале да ги поминат сите казина во Вегас за помалку и од 24 часа. Им останале 5 неискористени часови.rn
9. Да скокнете банџи 105 пати
rn
rnrnРедордот е поставен минатата година во Јужна Африка. Рекордерот скокал банџи на секои 14 минути.rn
10. Да направите 14.607 пати „дај петка“?
rn
rnrnТоа е речиси двојно повеќе од рекордот со гушкање, кој пак, изнесува 8.709 пати.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
