Најновото истражување покажува дека она што жените го бараат кај еден маж, се менува со текот на годините, па така совршениот маж постои, но е различен во различни периоди од животот.
rn
rn
„Ова е најприродна работа. Како што жената созрева, нејзиниот вкус, кога станува збор за мажите, се менува, па така таа трага по мажот кој може да ги исполни нејзините очекувања. Во младоста изгледот е на првото место, но со текот на годините жените бараат маж за подлабок однос, заснован на заеднички искуства и очекувања“ – вели клиничкиот психолог Сесила Д’фелис.
rnПа така според истражувањето спроведено на веб-сајтот „Match“, се покажало дека жените во различни периоди од животот трагаат по различен партнер.
Помеѓу 18 и 24 години
rnВо овој период од животот, девојките бараат машко на кое ќе му завидуваат пријателките. Дури на 47% од девојките на оваа возраст им е важно нивното друштво да го одобри партнерот. Во тие години на девојките им е важно, партнерот да изгледа добро и да имаат сличен вкус за музика, филмови и книги.
Помеѓу 25 и 34 години
rnВо овој период жените почнуваат да градат кариера, па така тие почнуваат на потенцијалните партнери да гледаат поинаку. Тие бараат партнер со слични амбиции, со кој можат да прават долгорочни планови. Меѓутоа физичкиот изглед и сексуалната компатибилност и понатаму остануваат на врвот на листата.
Помеѓу 35 и 44 години
rnВо овие години жените почнуваат да посакуваат малку постари мажи. Дури 73% одговориле дека во овие години сакаат постар маж, искусен љубовник, но и човек со богато животно искуство, кој може да им пружи сигурност и доверба.
Помеѓу 45 и 54 години
rnНа оваа возраст жените најлесно се одлучуваат за врска со помлад маж. Како што пишуваат „Daily Mail“, дури 54% од жените во оваа старосна група немаат ништо против да се впуштат во врска со помлад маж, дури и разликата да е повеќе од 5 години. Во овој период од животот, жените се најчесто задоволни со кариерата, сигурни во себе и можат да се впуштат во експериментирање и препуштање на страстите.
После 55 години
rnВо овој период од животот жените бараат партнер со кого споделуваат сличен вкус за хумор, бараат интелигентен и романтичен маж, чии животни вредности се во склад со нејзините. Во овие години жените знаат што сакаат, а што не.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

