КАФЕ ПАУЗА

Зошто е убаво да се работи во средина со други жени?

Автор: Софија СионоваrnrnЛуѓето често мислат дека работењето со други жени многу наликува на сцена од филмот „Злобни девојки“, но всушност е баш спротивно. Кога жените се побројни во работната околина постојат многу предности. Погледнете какви.rnrnzoshto-e-ubavo-da-se-raboti-vo-sredina-so-drugi-zheni-kafepauza.mkrn

1. Никој не ве вознемирува на новогодишните забави

rnСекоја жена барем еднаш во животот се соочила со нафрлање од страна на некултурен маж. Кога работите со жени, ваквиот проблем на забавите на кои мора да присуствувате, едноставно не постои.rn

2. Дури и да ве вознемирува некој, колешките веднаш ќе притрчаат на помош

rnВо случај на присуство на пијани мажи на забавата, вашите колешки веднаш ќе почнат да ве бранат, а тој вечно ќе биде нарекуван со погрдни имиња.rn

3. Помали шанси за романси во канцеларијата (што пак е секогаш лоша идеа)

rnРомантичното сценарио кое ве вклучува вас и згодниот колега ги прави работите непријатни кога станува збор за работното место. Кога работите со жени, шансите за романса се намалуваат за 50%.rn

4. Вашите колешки имаат супер пријатели со кои сакаат да ве наместат

rnИ едвај чекаат да го направат тоа.rn

5. Студиите покажуваат дека жените се под поголем стрес дома, отколку на работа

rnЗначи ако на работа имате еден куп релаксирани и убави жени, атмосферата ќе биде многу попријатна, а со стресот ќе се справувате кога ќе дојдете дома.rn

6. Можете да си разменувате облека

rnЖенската облека е многу поскапа од машката, а да не зборуваме за чевлите.rn

7. Некој секогаш ќе ви покаже каде се наоѓа тоалетот на првиот работен ден

rnМажите кои ви се претпоставени никогаш нема да го направат тоа.rn

8. Сте имале слични искуства

rnБез разлика дали во сферата на секојдневниот живот (љубовни состаноци, свадби и сл.) или во работата, се разбирате и можете меѓусебно да си помогнете.rn

9. Ги сакате истите ТВ серии и филмови

rnКако „Сексот и градот“, „Совршен глас “, „Портокаловата е новата црна“ и многу други кои секојдневно се тема на разговор во канцеларијата.rn

10. Роденденските изненадувања се најубави

rnЗа разлика од мажите, жените паметат многу повеќе детали, па затоа за вашиот специјален ден ќе се помачат, но сепак ќе го пронајдат совршениот подарок.rn

11. Најверојатно имате барем една повозрасна колешка на чиј живот и кариера се восхитувате

rnИ таа жена ќе ве советува за ситуации кои вам ви изгледаат како нерешливи бидејќи сте млада.rn

12. Вашите колешки ве мотивираат да бидете подобри/попаметни/посмешни

rnЖенското ривалство е една од најмоќните работи во бизнисот. Па, кога сте околу жени со добра смисла за хумор кои работат напорно, по автоматизам сакате да сте дел од нив.rn

13. Колешките генерално ве почитуваат како личност

rnНе ве гледаат како роб или како објект туку ја добивате почитта која ја заслужувате.rn

14. Во случај блузата да ви биде откопчана колешките љубезно ќе ви кажат, а нема да се ѕверат во деколтето

rnДури и колешките-лезбејки би ви кажале, бидејќи секој знае колку непријатна може да биде ситуацијата.rn

15. Секогаш ќе бидете известени за попустот во вашата омилена продавница

rnДа не беа шушкањата на вашите колешки, немаше да ја имате таа прекрасна свилена кошула која ја купивте по двојно пониска цена.rn

16. Ако плачете во тоалетот некој веднаш ќе забележи и ќе знае точно што треба да направи

rnКолешка никогаш не би осудувала кога се работи за момче или некоја емотивна драма што на мажите би им била смешна.rn

17. Знаат кога треба да ве остават на раат

rnЖените понекогаш едноставно сакаат да бидат оставени на раат, без прашања, без нудење помош и можни решенија на проблемите. За разлика од нив, мажите уште при првата солза веднаш ќе се понудат да ве однесат во болница.rn

18. Некој секогаш има тампон

rnСекогаш.rn

19. Слободно можете да зборувате без да креирате нова персона за да им се допадне на вашите колеги

rnНе дека треба да се адаптираме на машкото мислење, но повеќето жени се грижат да остават впечаток дека тие не се „таков тип девојка“ или „онаков тип вработена жена“ во средина каде што доминираат мажите. Кога сте опкружени со жени ваков проблем не постои.rn

20. Никој не мисли дека премногу шефувате ако имате лош ден

rnВидете сѐ погоре. Ќе бидете разбрани и оставени на мир.rn

21. Некој секогаш има препорака каде да одите вечерта

rnВечерта е секогаш позабавна кога сте опкружени со успешни и паметни жени, и плус ги знаете и посетувате сите позначајни случувања во градот.rn

22. Разбираат кога ќе дојдете по патики, а потпетиците ги оставате покрај бирото

rnВреме е за вистината: Високите потпетици колку што се убави, толку се и болни за носење.rn

23. Го разбираат заминувањето на породилно и се борат за да го добиете

rnПостојат мажи кои сметаат дека носењето нов живот на свет е мала работа. Не дека и тие не излегле од истото место, но добро…rn

24. Жените се позагрижени за платите

rnВо средина каде доминира жената таа ќе се бори за доброто на сите. Помала е веројатноста дека жената нема да биде загрижена за доцнењето на платите.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.