Постојат неколку ситници кај жените кои се сосема обични и едноставни, но кои имаат моќ да ги маѓепсаат мажите. Верувале или не, овој факт е потврден и од истражувачите при Универзитетот Орегон. Сепак е потребно да го имате овие нешта кое физички ќе привлечат некого, додека вашата личност и понатаму ја има функцијата на задржување на неговото внимание. Според истражувањата мажите најпрво го забележуваат лицето на жените, а потоа нивните гради. Но, следниве неколку нешта се оние кои имаат најголем ефект врз нив…rnrn
rn
Штикли
rnЖените обожаваат штикли и доколку би можеле, секојдневно би купувале по еден пар, но она што можеби не сте го знаеле е дека и мажите паѓаат на нив. Тие го менуваат начинот на кој одат жените, им ги издолжуваат нозете и овозможуваат материјал за мечтаење кај мажите. Едноставно не можете да направите грешка со високите потпетици.rn
Голи рамена и клучни коски
rnЕфектот на голите рамена и клучните коски имаат огромно влијание врз мажите. Овие делови од телото ја претставуваат женственоста, но на некој начин и ранливоста на самите жени. Фустаните и маичките кои ги покажуваат овие делови се едни од омилените модни комбинации на мажите. Истиот ефект го имаат и оние модели кои откриваат само една страна, давајќи им простор за фантазирање на другата страна.rn
Боја на облека
rnНе за џабе се вели дека облеката го чини човекот. Можеби мажите не се разбираат многу во женската мода, но сепак можат да проценат што им стои убаво, а што не. Па, ако ги прашувате нив, тие би ви рекле дека еднобојните комбинации или евентуално оние во две бои, се најдобри за нивните очи. Ова не се однесува само на црната боја, туку на сите.rn
Уредна облека
rnМожеби ова ќе ви звучи тотално неважно, но во реалноста има огромно влијание врз потсвеста на мажите. Кога се запознавате со нов маж и ја подавате вашата рака, не заборавајте да ја поднаместите вашата маица или кошула со цел да ги исправите наборите. Неговата реакција ќе биде топла и страсна, без да забележи зошто.