Мислите се оние кои го создаваат нашиот живот, реалност и се поттик за нашите акции. Постои верување дека почнуваме да живееме целосно дури кога ќе престанеме да живееме во нашите мисли. Зборовите се раѓаат од мислите, а тие можат да бидат спас за раната или најсмртоносното оружје.rnrn
rnrnКога дозволуваме емоциите да нè водат, лесно можеме да изговориме некои работи без да размислиме за последиците. Ако сме во конфликт или се чувствуваме немоќни, можеме да кажеме нешто што не го мислиме, како некаков илузорен штит, а потоа да се запрашаме – „зошто го кажав тоа…“. Но зборовите можат да содржат и одлични идеи, да искажуваат љубов или да бидат инспирација.rnrnПознатиот психијатар Сигмунд Фројд изјавил дека секој од нас поседува неверојатна моќ која доаѓа токму од зборовите:rn
„Зборовите имаат магична моќ, тие можат да ја поттикнат и најголемата среќа или најдлабокиот очај; можат да го пренесат знаењето од наставник на ученик; зборовите му дозволуваат на говорникот да ја поколеба својата публика и да влијае врз нејзините одлуки. Зборовите се способни да предизвикаат најсилни емоции и да ги поттикнат луѓето на акција“.
rnЗатоа е важно да се активира „филтерот“ за селекција на зборови, оној кој ќе ни каже кои зборови се правилни, а кои не треба да бидат дел од животот. Зборовите се поврзани и со нашите чувства, и затоа е важно при процесот на селектирање да останат само оние што се искрени, полни со љубов, поука и учење, а оние што содржат лаги, негативност и темнина да исчезнат.rnrnЗборовите претставуваат моќ кој ја поседува секој од нас – вие избирате како ќе ја користите вашата!rnrnОткако го прочитавте влијанието на зборовите, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 зборови привлекуваат негативна енергија доколку често ги изговарате.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
