КАФЕ ПАУЗА

Трикови за подобра комуникација при запознавање нови луѓе

Трикови за подобра комуникација при запознавање нови луѓе

Written by

in

,

Секогаш е добро да целите кон подобрување на комуникациските вештини. Тоа ќе ви помогне во градење на подобри врски со луѓето, но и во животот воопшто. Затоа, погледнете ги триковите кои ќе ви помогнат полесно да се справите при комуницирањето со непознати луѓе.rnrnТрикови за подобра комуникација при запознавање нови луѓеrn

Насмевнете се

rnНасмевнувањето е еден од најбрзите и најлесните начини за подобрување на комуникациските вештини. Тоа прави да изгледате подостапно. Им порачува на другите дека сте пријателски расположени, љубезни и дека имате желба да ги запознаете подобро. Секогаш трудете се да им се насмевнувате на новите луѓе што ги запознавате. Сигурно ќе ве помнат по тоа.rn

Оставете го мобилниот

rnЗанимавањето се мобилниот додека се запознавате со некој непознат човек, значи крајно непочитување и незаинтересираност. Секако, понекогаш во одредени исклучителни ситуации е неизбежно и прифатливо, но сепак, кога среќавате нови луѓе, потрудете се да заборавите на мобилниот и да оставите впечаток на воспитан човек.rn

Поставувајте прашања

rnПоставувањето прашања при комуницирањето носи многу придобивки. Тоа на другата личност ѝ дава до знаење дека ја слушате, дека сте заинтересирани за она што го зборува и истовремено дека ви значи. Исто така, го одржува разговорот во живот. Ова се супер причини за поставување повеќе прашања во секој разговор што го водите.rn

Запомнувајте ги имињата на соговорниците

rnКога се запознавате со некого, најпрвин меѓусебно си ги кажувате имињата. Сето тоа е супер, сѐ додека подоцна не дојде моментот да се сетите на истите. Имињата може да бидат тешки за помнење, но со малку труд и подобрување на меморијата, ќе успеете да го промените тоа.rn

Бидете вклучени во разговорот

rnЛуѓето веднаш ќе почувствуваат ако наеднаш се исклучите од разговорот. Зарем не ви се случило да зборувате со некого, а тие да размислуваат на сосема трета работа? Така, знаете дека воопшто не ве ни слушаат, што навистина е болно. Затоа, не правете го и вие тоа при комуникацијата со луѓето и трудете се постојано да бидете вклучени во разговорот.rn

Прашувајте ако нешто не ви е јасно

rnАко баш и не разбирате што другата личност зборува, прашајте уште веднаш. Ако оставите тие прашања да висат во воздухот, подоцна ќе се создадат непријатни чувства. За што и да сте збунети, реагирајте навремено. Ова на луѓето ќе им даде до знаење дека навистина се трудите, ви значат и не ги земате здраво за готово, што пак е огромен плус во еден однос.rn

Имајте разбирање

rnСекогаш покажувајте разбирање за останатите и сочувствувајте со нивната состојба и моментални случувања, кои тие ви ги кажуваат. Обидете се да сфатите зошто токму така се чувствуваат и помогнете им. Така ќе ја придобиете нивната почит.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.