КАФЕ ПАУЗА

Топли есенски комбинации со плетен џемпер

Топли есенски комбинации со плетен џемпер

Температурите стануваат сè пониски и нè потсетуваат на топлите џемперчиња кои нашите баби ни ги плетеле кога сме биле малечки. Еве како можете плетените џемпери да ги искомбинирате во три тренди есенски комбинации за оваа сезона.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

Удобно и кежуал

rnУдобен и слободен изглед, а сепак тренди и со стил. Искомбинирајте тесни фармерки со еднобоен широк и удобен џемпер. Надополнете го изгледот со голема марама или шал во топли бои, впечатливи женствени обетки со средна големина и чизми до глужд. Оваа комбинација е совршена за на кафе со пријателките, или за на факултет.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

Сè е во деталите

rnОдберете морнарско син џемпер едноставен или со вез на ракавите и црвено пласирано здолниште. Зачинете го изгледот со дебели доколенки со ацтеки или слична шара и црни ниски оксфордки. Аксесоар за коса како едноставна панделка совршено го надополнува целиот изглед за нежна и слатка девојка.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

Смело со дезен со точки

rnЗа смел и несекојдневен изглед искомбинирајте џемпер со дезен со точки и искинати фармерки. Завршете го изгледот со високи чевли до глужд и маслинесто спортско палто, како и црн ранец, кој придонесува за спортски и лежерен изглед со впечатливо лично обележје.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.