КАФЕ ПАУЗА

Телото после породувањето: 5 промени за кои жените се срамат да зборуваат

Written by

in

,

Телото после породувањето минува низ бројни промени од кои не сите се пријатни, а некои кај жените предизвикуваат дури и срам. Не зборуваме за стриите, хемороидите, опуштената кожа и надуваниот стомак, за кои поголемиот дел од жените се свесни, туку за неудобностите за кои ниту една новопечена мајка не сака да зборува.rnrn1-teloto-posle-poroduvanjeto-5-promeni-za-koi-zhenite-se-sramat-da-zboruvaat-www,kafepauza.mk_rn

1. Вагината може да стане преголема за тампон

rnПосле појавата на првата менструација, немојте ни да се обидувате да користите тампон, бидејќи постои голема веројатност дека ќе доживеете неудобно искуство. Не грижете се, тоа е само привремена состојба која може да потрае неколку месеци после раѓањето. Станува збор за последица од растегнувањето и ширењето на вагината после породувањето на која ѝ е потребно време да се врати во нормалната состојба.rn

2. Нема да можете да го контролирате испуштањето гасови

rnПородувањето и тоа како остава траги на вашето тело, особено на делот поврзан со задникот и мускулите на задникот. Тие стануваат послаби отколку што биле, што може да доведе до неудобни појави на неконтролирано испуштање гасови, без предупредување. Оваа појава е многу честа, но добрата вест е тоа што мускулите постепено ќе се зајакнат и ќе се вратат во нормала, а неудобноста ќе престане.rn

3. Можеби и ќе испуштите малку урина во гаќичките

rnПовторно станува збор за слабеење на мускулите кои во текот на породувањето минуваат низ многу големи промени. Токму заради тоа многу новопечени мајки не можат целосно да го контролираат мочниот меур. Тоа значи дека кога ќе кивате, ќе се закашлате, ќе подигате товар или ќе се смеете гласно од сѐ срце, постои опасност дека ќе испуштите малку урина во гаќичките, барем додека мускулите не зајакнат.rnrn2-teloto-posle-poroduvanjeto-5-promeni-za-koi-zhenite-se-sramat-da-zboruvaat-www,kafepauza.mk_rn

4. Може да ви пораснат стапалата

rnВо текот на последните месеци од бременост нозете често натекуваат, а стапалата стануваат пошироки и поголеми. Добрата вест е што после породувањето тие се враќаат во нормала. Но, дека тие ќе станат поголеми за време на бременоста, нема сомнеж. Стапалото може да порасне и за еден цел број, а што ја предизвикува оваа, за жените непосакувана појава, не се сигурни ниту научниците.rn

5. Интимните делови може да ја променат бојата

rnСилните хормонални промени кои се случуваат во телото на новопечените мајки телото ги изразува на разни начин. Еден од нив е и значајното темнеење на кожата на брадавиците и на подрачјето околу вагината и анусот. И додека кај некои жени оваа појава после одредено време исчезнува, другите мајки мора да се помират со уште еден „дар од природата“.rnrnПрочитајте ги одговорите на непријатните прашања за породувањето кои сите жени се срамат да ги постават.