КАФЕ ПАУЗА

Татко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!

Бидејќи на себе си докажал дека е возможно да се има поедноставен живот, Бабаута составил листа на правила до кои би требало да се придржувате ако сакате да бидете подобро организирани и да се ослободите од непотребните работи. Лео Бабаута, кој е татко на шест деца вели дека сега секогаш е среќен кога околу себе гледа ред. Погледнете ги неговите правила и обидете се да ги следите. Сигурно нема да зажалите!rnrnТатко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!rn

Организирајте се на почетокот и на крајот од секој ден

rnЗапишете три најважни задачи за денот и уште неколку работи што би требало да ги направите. Расчистете ја масата и ставете сѐ на свое место. На крајот од денот, погледнете ги и означете ги точките на вашиот список, а дури можете да се обидете да подготвите сѐ што ви треба за утрешниот ден.rn

Секогаш кога ќе станете од масата, тргнете по еден предмет

rnКога ќе станете да земете чаша вода или пак да одите во тоалет, земете еден предмет кој се наоѓа на масата и ставете го на местото каде што припаѓа.rn

Кога ќе завршите со јадење, измијте ја својата чинија

rnНаместо да ја ставите валканата чинија во мијалникот, веднаш измијте ја, а со неа измијте и уште неколку други садови кои се наоѓаат таму.rn

Избришете го лавабото по секоја употреба

rnСекогаш откога ќе ги измиете рацете или забите, избришете го лавабото, а истото направете го и со мијалникот по употреба. Исто така можете да приберете уште неколку работи во близина.rn

Секогаш кога ќе поминете низ некоја соба, кренете и ставете една работа на своето место

rnКога ќе влезете во некоја просторија или ќе поминете низ неа, земете едно нешто и ставете го на неговото место, па така не ќе мора да средувате сѐ одеднаш.rn

Кога ќе соблечете некое парче облека, веднаш приберете го на место

rnНе оставајте ја облеката на подот или врз мебелот, туку веднаш ставете ја во плакарот, а покрај тоа обидете се уште некој предмет да ставите на вистинското место.rn

Мазните површини одржувајте ги празни

rnМасите, работните површини и подовите настојувајте секогаш да ви бидат празни. Секогаш кога ќе поминете покрај работната површина, кренете некој предмет и ставете го на местото каде што припаѓа.rn

На крајот од работниот ден, архивирајте го материјалот

rnАко работите со хартија, сортирајте ја и наредете ја во папки. Ако работите на компјутер, подредете ги сите документи во папки каде што припаѓаат.rnrnТатко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!rn

Одговарајте веднаш на електронските пораки

rnЧитајте ги и одговарајте на вашите електронски пораки така како што ги добивате, а дури можете да ги префрлате и во посебна папка за да знаете дека треба да ги завршите. Не треба само да ги отворате, да ги оставате прочитани и да не реагирате на нив.rn

Настојувајте во сандачето за примени пораки да имате само три пораки

rnПолека почнете да ги расчистувате стотиците или илјадниците пораки кои ви стојат во сандачето. Архивирајте ги, избришете ги или префрлете ги во посебни категории.rn

Направете листа за 30-дневно купување

rnСтавете го на оваа листа она што не ви треба итно и не купувајте го додека не поминат тие 30 дена од запишувањето. Дури ако и понатаму ви треба запишаната работа, тогаш купете ја. На овој начин можете да се воздржите од непотребни и лоши трошења.rn

Ставете ја облеката што не ја носите во друг плакар или во кутии

rnОтстранете ја гардеробата која не ја носите често и оставете го само она што ви е неопходно. После еден месец ќе знаете која облека ви е помалку неопходна, па ќе можете да размислите да ја подарите некому.rn

Организирајте саботно чистење

rnПосветете еден или два часа од саботното утро за да расчистите одреден дел од вашиот дом.rn

Едно внатре, две надвор

rnКога во вашиот дом ќе внесете нешто ново или ќе добиете некој подарок, ослободете се од две слични работи. На пример, ако купите некој пар чевли, подарете или фрлете два други. На овој начин подобро ќе размислувате пред да купувате нешто и полека ќе ги намалувате работите кои ги поседувате. Кога ќе стигнете до задоволително ниво, променете го правилото во едно внатре, едно надвор.rn

Ограничете го бројот на работи кои ги имате

rnРазмислете да сведете некои предмети на пример на 30 парчиња. Ослободете се од останатите и држете се до одреден лимит кој ќе го поставите самите.rn

На крајот од секој месец, расчистете го нередот на вашиот компјутер

rnОрганизирајте ги работите и избришете ги оние кои не ви се потребни.rn

Правете тромесечни ревизии

rnНа секои три месеци посветете еден викенд за темелно расчистување на вашиот дом.rnrnТатко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!rn

Како да ги применувате правилата?

rnНе треба да ги применувате сите овие правила истовремено. Обидете се секоја недела да воведувате по едно ново, а во текот на неделата настојувајте што подобро да го внесете тоа правило во вашата рутина. Ако сте задоволни со резултатот, продолжете да го практикувате тоа правилно. Направете потсетник на лист хартија кој цела недела ќе ве потсетува на новото правило, а на крај оценете го. Со текот на времето точно ќе знаете кои правила најдобро влијаат на вашиот живот, па ќе станете подобро организирани.rnrnДоколку сакате постојано да гледате ред околу себе, погледнете ги и овие навики на луѓето чиј дом е секогаш совршено чист.