rn
Излезете надвор
rnПосетете го вашето омилено место на отворено и дозволете ѝ на природата да ве надополни со нејзината убавина. Уште подобро е ако изберете зајдисонце.rn
Изберете бебешки чевли
rnМожеби ќе ви звучи клише, но фотографијата каде што има и мали бебешки чевли, зрачи со многу топлина и љубов.rn
Фотографирајте од дното
rnНаместо да фотографирате од точка на вашата висина, уште подобра идеја е да се фотографирате од долна перспектива, а најдобро е тоа да го направите во природа.rn
Играјте си со боите и филтрите
rnДодајте некои филтри или пак направете црно-бела фотографија, при што ќе бидете во можност да покриете и некои свои недостатоци.rn
Држете некој натпис со кој ќе ја искажете вашата состојба
rnБидете малку покреативни и земете некој натпис со кој ќе искажете како се чувствувате. Невообичаено, а сепак интересно.rn
Бидете спонтани
rnНе мора секогаш совршено да позирате за да направите одредена фотографија. Прекрасен спомен се и спонтаните фотографии каде што има одредено дејство.

