Постојат безброј мали правила за успех на социјалните мрежи. Доколку навистина сакате да заработувате од овие алатки, постојат 4 главни правила коишто не би требало да ги прекршите. Навистина се едноставни и нема да ви биде проблем да се држите до нив.rnrn
rn
1. Немојте да објавувате од мерак
rnВашите објави би требало да им бидат од корист на следбениците, во спротивно би ги иритирале. Пред да објавите нешто, запрашајте се дали објавата може да ги научи нешто, да ги забавува или да ги инспирира другите. Ако немате потврден одговор на барем една од трите опции, размислете подобро дали навистина вреди да објавувате.rn
2. Немојте да се продавате
rnАко објавувате само спонзорирани објави, нема да издржите долго. Соработувајте со луѓе чии вредности и естетика се слични со вашите бидејќи во спротивно ќе го изгубите вашиот кредибилитет.rn
3. Бидете доследни при објавувањето
rnЕднаш или два пати неделно на Инстаграм и Фејсбук и една објава неделно на Јутјуб е сосема доволно. Целта е да не исчезнете на две недели, а потоа да ги бомбардирате вашите следбеници со стотици објави и слики.rn
4. Не менувајте ја профилната фотографија
rnЛуѓето воглавно ве препознаваат по вашата фотографија, а многу ретко по името. Ако често ја менувате профилната фотографија, голема е веројатноста некој да се збуни и да не ве препознае, па да го изгубите како следбеник.rnrnДоколку ги користите социјалните мрежи само за забава, погледнете како да бидете вашата реална верзија на нив.